Наташа Краун (30) е плус сајз модел со српско потекло, која живее и работи во Шведска, а обемот на нејзиниот задник моментално е два метра!
Наташа имала три операции, т.е. го зголемила задникот, а вели дека пред втората операција „накачила“ 20 килограми јадејќи пица и нутела, за лекарите да имаат што повеќе маснотии, кои од стомакот би ги префрлиле на задникот.
„Мислам дека поголемото е подобро, никогаш нема да бидам послаба. Мојот задник е како друга димензија. Го користев за кршење на столици, кревети, па дури и луѓе. Отсекогаш сум била поинаква, а во Шведска жените мислат дека слабото е поубаво. Но, мислам дека луѓето треба да видат како изгледа вистинска жена“, вели Наташа.
Рекла дека одела во теретана за да го зголеми задникот, но потоа се свртела на операција, сфаќајќи дека природно ја достигнала границата.
„Бев многу среќна по првата операција. Шест месеци подоцна му кажав на докторот дека завршил одлична работа, но дека сакам уште поголем задник, а тој ми рече „Во ред“.
Наташа на Инстаграм ја следат два милиони луѓе со кои редовно споделува фотографии од своето тело на кои освен задникот ги коригирала и градите, брадата, усните и јаготките.
„Мојата цел е да го имам најголемиот задник на светот и ништо нема да ме спречи во тоа“, вели девојката и додава дека поради нејзиниот голем задник има одредени проблеми.
„Не можам да трчам, премногу е тешко, се обидов. Не можам ни да спијам на грб бидејќи е премногу испакнат“.