Грчките хотелиери ова лето не се расположени да им ги отворат вратите на странските туристи, а особено на оние од земјите на Европската унија. Причина е искуството од минатите години.
Претседателот на здружението на хотелиерите од Крит, Манолис Цакалакис за локалните медиуми изјави дека само 20 отсто од хотелите на островот ќе бидат отворени оваа сезона, а причината е бизарна – се плашат од тужби од туристите.
Имено, Цакалис објасни дека претходните години дел од туристите од ЕУ повеќе пати ги тужеле грчките хотели од разни причини. Оваа години би можело да се повтори истото, односно, да ги тужат газдите на хотелите во случај туристите да се заразат со ковид-19.
Имено, пред три години еден британски турист тужел еден тамошен хотел и добил оштета од 20.000 фунти бидејќи наводно се заразил со гастроентеритис. И не само тој, лани британските и германските туристи масовно ги тужеле грчките хотелиери и го добивале судските спорови.
-Ниедна осигурателна компанија не сака да ги осигура нашите хотели од такви евентуални ситуациии, а ние нема да можеме да докажеме дека тие се заразиле во авион, во кафуле, во продавниците, на улица… – вели Цакалис.
Интересно е што кризата од коронавирусот во Грција особено го погоди монденскиот остров Миконос. Така, според грчките извори, вила која лани чинела 5.000 евра изнајмување на ден, сега таа може да се изнајми за само 50 евра.
Инаку, Грција има 9.950 хотели од кои половината се семејни, со најмногу 50 соби. Добра страна е што повеќето од нив немаа централна клима, за која научниците сметаат дека може да го шири коронавирусот.