Американскиот глумец Крис Еванс е најсекси маж во 2021 година, според „Пипл“. Крис ќе се најде на насловната страница на списанието следната недела.
Оваа титула тој требаше да ја земе лани, но уредничкиот тим на „Пипл“ сметаа дека е подобро да се почека една година, откако актерот случајно објави слика од својот пенис на интернет, пишува „Пејџ сикс“.
Ѕвездата на филмот „Капетан Америка“ лани ненамерно сподели гола фотографија со своите тогашни 5,7 милиони следбеници. Еванс (40) набргу ја избриша сликата, но веќе беше предоцна, бидејќи сликите се проширија на Твитер и останатиот интернет-простор.
Со оваа титула досега, не само еднаш, се закитиле и Том Круз, Мел Гибсон, Бред Пит, Џорџ Клуни, Пирс Броснан, Бен Афлек, Џони Деп, Хју Џекман, Мајкл Б. Џордан, Метју Меконахи, Џад Лоу, Шон Конери, Ник Нолт, Дензел Вашингтон, Харисон Форд, Џон Леџенд, Идриз Елба, Блејк Шелтон…
https://www.instagram.com/p/CV1YTGrIbrq/