24-годишната Русинка Кристина Озтурк го родила своето прво дете на 17 години, а денес, седум години подоцна, има 22 деца.
Отсекогаш сонувала за големо семејство и планирала да има по едно дете секоја година, но потоа сфатила дека може побрзо да го оствари својот сон.
Кристина се омажила за милијардерот Галип Озтурк (57), кој го запознала на одмор во Грузија.
Од претходната врска имала мало девојче Вика, а со Галип преостанатите деца ги добиле со помош на сурогат мајки на кои потрошиле стотина илјади долари.
„Можам да ви кажам дека моите денови никогаш не се здодевни. Секој ден е различен. Играме, одиме во шопинг и правиме се друго што прават другите родители”, вели оваа млада мајка, тврдејќи дека прави се што прават другите мајки, но не се крие дека не се срами да побара помош. Има 16 дадилки кои и помагаат да се грижи за децата.
Кристина троши 5 илјади евра неделно за потребните намирници за бебињата, кои вклучуваат 20 големи пакувања пелени и 53 кутии со формула.
„Многу пати ме прашуваат како можам да му посветам време на секое дете и затоа се трудам да бидам 1 на 1 со секое. Поврзана сум со секое дете, децата ми се најважното нешто во животот“, заклучува таа.