Поранешната стјуардеса Кристина Грабеж која шест години работела во една странска авиокомпанија, ги откила мрачните страни на оваа работа од „соништата“.
Имено, таа се соочила со бројни непријатни и непредвидливи ситуации, а истакнува дека некои од редовните обврски не се воопшто бајковити.
Професијата стјуардеса со години важи за една од најпопуларните, особено меѓу младите девојки. Вообичаено ги асоцира на патувања ширум светот, како и на плата од по неколку илјади евра. Меѓутоа, реалноста е многу поразлична.
За оваа работа често зборува Кристина на ТикТок и на Инстаграм, разбивајќи некои предрасуди, а за нејзините интересни приказни се интересирале многу луѓе.
Во една прилика детално ја опишала и онаа грозна страна од популарната професија, па тоа многу од девојките го сфатиле, па не сакале да се занимаваат со таа професија.
„Сите тие сакаат да бидат стјуардеси додека не сфатат дека мора да чистат тоалети, да се будат во 2 наутро, да работат во текот на сите празници. Треба да бидат подготвени на непосакуван флерт и прекумерна сексуализација на професијата, хронична ненаспаност, опаѓање на косата, дебелеење од авионската храна, изложеност на радијација и вируси“, била искрена Кристина.
„Ова се сите мои летови во текот на еден месец и колку заработив од нив. Рутите на кои летав беа – Минхен, Сиднеј, Минхен, Вашингтон, Сиднеј и Казабланка. На десната страна од табелата ги гледаме сите должности. На летот за Сиднеј имав 33 часа должност и од тоа заработив околу 425 евра. На летото за Минхен имав 16 часа должност и заработив околу 200 евра“, раскажала Грабеж.
Таа додала и дека секое престојување надвор од базата било платено и дека нејзината основна плата изнесувала 1.200 евра.