Пејачката Кристина Арнаудова веќе четири години гордо стои зад здружението „Проект среќа“, кое интензивно им помага на децата кои живеат во социјален ризик да имаат посреќно детство, за Женски магазин сподели дека нејзината мајка, за која често изјавува дека ѝ е најголемиот херој ја родила на 19 години. И покрај инсистирањето на семејстово да биде дадена во дом за деца, Арнаудова вели дека љубовта и упорноста на мајка ѝ победила.
Дали некоја твоја лична случка, момент од твојот живот, детство, те инспирираше да ја основаш „Проект среќа“ ?
– Не се сеќавам кога точно се случило тоa, бидејќи и како мала имал нагласена потреба да помагам некому. Кога бев доволно голема да разберам, сфатив дека мајка ми која ме родила на 19 години, е заслужна за тоа што јас растам со неа, а не во дом за деца, иако нашето семејство инстистирало да бидам дадена во дом. Тогаш сфатив дека она кое ме дели мене од децата кои се во дом, е само мал момент на одлука, мал момент на инает и љубов, став, и отпор кон предрасудите. Тогаш го добив тој голем порив да им помогнам. Не знаев точно како, но со текот на времето таа желба се искристализира во точна визија. И така се роди „Проект Среќа“.
Повеќе во Женски магазин