Кристина Агилера ја запознавме како многу слаба девојка која низ годините поминуваше низ многу трансформации во изгледот.
Нејзините килограми значително се промениле кога забременила. Тогаш имала 27 години и се здебелила цели 15 килограми. По породувањето, Кристина била на ригорозни диети и вежбала за повторно да се врати во форма.
Но, по разводот во 2012 година таа повторно ја вратила телесната тежина и низ годините навикнавме да ја гледаме со вишок килограми.
Пејачката сега ги изненадила сите со 22 килограми помалку кои успеала да ги изгуби за само 3 месеци. Таа открила дека се придржувала до ригорозна диета која подразбира внесување на 1.600 калории дневно.
Диетата која ја практикувала Кристина се вика „виножито диета“ која подразбира консумирање намирници, овошје и зеленчук кои имаат иста боја.
Бел ден – се состои од сите намирници со бела боја. За да се ограничи внесувањето на јаглехидратите, се консумираат белки од јајца, кокос, млечни производи, лук, кромид итн.
Црвен ден – овој ден е наменет за намирници како што се малини, црно грозје, домат, грав, цвекло, немасно црвено месо, црвена пиперка итн.
Зелен ден – овој ден се состои од киви, краставици, спанаќ, зелена салата, брокула итн.
Портокалов ден – се состои од тиква, портокал, папаја, кајсии, праски итн.
Виолетов ден – намирници како модар патлиџан, капини, виолетова зелка итн.
Жолт ден – тиквички, жолта пиперка, пченка, кашкавал, жолчки, мед итн.
Сепак, покрај режимот, Кристина практикува и тренинг. Нејзиниот личен тренер осмислил план за вежбање кој пејачката ја довел до форма:
– 15 минути трчање на лента;
– 10 минути елиптични вежби;
– 3 сета вежби за гради;
– 3 сета трицепс;
– 3 сета бицепс;
– 3 сета нозе;
– 3 сета бочно вежбање;
– 3 сета стомачни.