Крими приказни: Никола Мојсоски Коло, припадник на „Лавови“ кој бил застрелан на Пиво Фест!

by Тони Зографски

Никола Мојкоски Коло е еден од посериозните криминалци што Прилеп ги памети, од онаа старата школа. Кољо намногу се занимавал со рекет.

Тој бил припадник и на паравоената формација за одбрана во војната во 2001, „Лавови“ каде го викале и Командант Коло. Благодарение на тоа станува полициски службеник, а со тоа и уште посилен во криминалните води.

Немало локал и газда на објект во Прилеп кои не се жалеле на рекет заканите од Коло. Поради тоа убиен е на 3 јули 2005 година на Пиво Фест на еден штанд чиј газда го рекетирал Коло нудејки му обезбедување преку агенцијата на Коло односно со тоа наметнувајки му рекет.

Убиен е така што е застрелан во стомакот и веднаш по тоа тој се стрчал да бега, но Диме Жабето не се откажал од намерата и продолжил да го брка по што по неколку истрели Коло паднал мртов. При пресметката погодена било и едно четиригодишно девојче од заскитан куршум кое исто така починало.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com