Министерот за здравство, Венко Филипче денеска информираше дека има четири нови пациенти позитивни на тестот за корона вирус.
Пациентите се од Дебар и веднаш ќе бидат пренесени на лекување на скопските клиники.
Тој додаде дека денеска на седницата Владата утврди дека ќе се воведе кризна состојба во општините Дебар и Центар Жупа.
Што се однесува до досегашните заболени од корона вирус, кај една пациентка има влошување на состојбата и е на граница да биде ставена на апарат за механичка вентилација.