Македонскиот режисер Милчо Манчевски преку својот Фејсбук профил сподели фотографија на која се забележува лице во инвалидска количка кое е приморано да се движи по улица поради паркираните автомобили на тротоарот. Фотографијата е направена во центарот на Скопје.
„Криви се Бугарите. И Грците. И Тито. И пусто турско. И ЕУ. И вакцините. И 5Г. И како тоа ти не’ прикажуваш!“, напиша Манчевски покрај фотографијата која денеска масовно се споделува на сите социјални мрежи.