Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, кој неодамна се врати од Москва каде лично се сретна со Владимир Путин и со претставници на руската влада, зборуваше преку својот канал Телеграм, преку кого комуницира со својата публика.
Во своето обраќање Кадиров ги пренесе впечатоците од Москва, каде се зборувало за продолжување на војната и учество на чеченските единици кои се борат во регионот на Донбас и Луганск, како и околу Харков.
-Во многу блиска иднина, како што реков претходно, руските сили ќе користат нови тактики и ќе постигнуваат поефикасни и побрзи резултати во спроведувањето на специјална операција на дневна основа. Како потврда на моите изјави, ќе објавам видео доказ за уништувањето на нацистите, ѓаволот и украинската окупациска опрема. За разлика од другата страна, која дава само усни изјави и ги снима настаните во неутрална позадина, јас не само што ќе зборувам, туку ќе ги покажам и докажам фактите“, рече Кадиров во својата видео порака, а потоа додаде:
„Го предупредувам Зеленски за последен пат! Крени ги рацете, излези на бојното поле и кажи: „Не пукај, ние се предаваме!“, заврши Кадиров.