Бредли Роберт Досон (40) од Тенеси е осуден затоа што брутално ја претепал сопругата во луксузно одморалиште на островот Фиџи додека биле на меден месец.
За жал, жената починала од последиците од страшното претепување, објави Њујорк Пост.
Програмерот е прогласен за виновен од страна на Високиот суд во градот Лаутока на Фиџи во четвртокот за смртта на фармацевтката Кристи Чан Досон. Тој се обидел да избега од островската држава.
Кристи Чан Досон (36) била пронајдена како лежи во локва крв со повеќекратна тапа траума на главата.
Нејзиното тело било толку изобличено што не било можно да се врати во САД, па нејзиното семејство одлучило да го кремира, пишува Nypost.com. Парот, кој се венчал во февруари 2022 година, имале жестока расправија ноќта пред убиството.
Сепак, адвокатот на Досон, Икбал Кан, рече дека и покрај страшните извештаи за нејзината смрт, „нема шанси тој да биде осуден за убиство“.
„Во доказите што досега ги приложија, нема докази за обвинение за убиство со умисла. Не се чини дека ја убил. Навидум изгледа како несреќа“, рече Кан.
Бредли Досон, тогаш 38, бил пронајден само еден ден по смртта на неговата сопруга, како се вози со кајак на оддалечен остров на една и пол милја од одморалиштето. Тој се изјаснил за невин по обвиненијата за убиство и тврдел дека смртта на неговата сопруга била несреќен случај. Човекот ќе остане во притвор до изрекувањето на пресудата на 27 јануари 2025 година.