КРВАВ ДЕН ВО АМЕРИКА: Убиено 14-годишно девојче на концерт

by Тони Зографски

14-годишно девојче е убиено, а 14 лица се повредени во пукотницата за време на концерт во американската држава Јужна Каролина, соопшти полицијата, а се уште нема информации за напаѓачот.

Во неделата попладне избувнала тепачка на недозволен и ненајавен концерт, објави полицијата на Северен Чарлстон.

Полициските службеници одговориле на повикот за пукањето околу 22 часот и на лице место затекнале неколку ранети лица, рече заменик директорот на локалната полиција, Скот Декард.

Жртвите при пукањето добиле помош на самото место, а потоа биле пренесени во локалната болница. Полицијата таму пронашла уште неколку ранети лица, кои самостојно отишле во болница.

Според Декард, првичната истрага покажала дека избила тепачка во близина на бината, а после тоа се слушнале истрели.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com