Во Охрид се случила крвата љубовна драма. Имено, во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„8-ми Септември“ бил нарушен јавниот ред и мир, односно, се случило тепачка меѓу лицата Г.Д.(35) и Ј.А.(29) во врска со љубовната врска што Ј.А. ја имал со внуката на Г.Д.
Притоа, во кавгата меѓу двајцата, Г.Д. со остар предмет му нанел повреда на Ј.А. во пределот на раката.
Тој бил пренесен во општата болница во Охрид, додека Г.Д. бил приведен и задржан во СВР Охрид.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.