Вратар е избоден до смрт на новогодишната забава во самопрогласениот аристократ, лордот “Брзиот Еди Девенпорт“ во Лондон, а на која биле арапски принцези, тајкуни и други познати личности.
Вратарот Тјудор Симионов бил снимен како се тепа со девет лица, пред да биде убиен пред “Парк Лејн” во 5:30 часот по локално време. Симионов ги турнал момчињата и ги удирал, кога бандата се обидела да влезе на луксузната забава. Снимката завршува пред еден од криминалците да извади нож и да го забоде Симионов во гради.
“Еди ја организираше забавата. Тој ги наплаќаше влезниците”, рекол член на персоналот, кој сакал да остане анонимен. ” На пример, некој плаќаше 2.200 евра, некој 800, а некој 110 евра. Цените не беа фиксни. Со Девенпорт работеше и една Кинезинка”, додал тој.
Инаку, самопрогласениот аристократ“Брзиот Еди“, познат по луксузните секс-забави пред три години бил пуштен од затвор бидејќи ги убедил судиите дека е тешко болен.