Крвава свадба во Тетово двајца ранети, едниот син на функционер од ДУИ. Инцидент се случил во вечерните часови, а еден од повредените се здобил со потешки рани од куршуми и истиот е однесен во клиниките во Скопје, додека вториот ранет е вон животна опасност и е задржан во болницата во Тетово, со полесни повреди.
Едниот од повредените е син на пратеникот Џеват Адеми, Ф.А додека вториот повреден, А.Б, е исто роднина на пратеникот. Сè уште не се знае кој пукал, бидејќи изворите зборуваат за истрели од повеќе лица во исто време за време на свадбената церемонија.
За порталот “Лајм”, семејството на пратеникот на ДУИ Џеват Адеми ја потврди веста дека неговиот син вечерва е ранет од огнено оружје, но демантираше дека Адеми го повредил својот син.
-Станува збор за заталкан куршум од свадбена веселба, велат од семејството на Адеми и додаваат дека двете повредени лица се во добра и стабилна состојба.
Инцидент се случил во вечерните часови, а според извори на АЛСАТ, еден од повредените се здобил со потешки рани од куршуми и истиот е однесен во клиниките во Скопје, додека вториот ранет е вон животна опасност и е задржан во болницата во Тетово, со полесни повреди.
Полицијата пристигнала на местото на настанот и го истражува случајот. АЛСАТ дознава од извори дека едниот од повредените е син на пратеникот Џеват Адеми, Ф.А додека вториот повреден, А.Б, е исто роднина на пратеникот. Сè уште не се знае кој пукал, бидејќи изворите зборуваат за истрели од повеќе лица во исто време за време на свадбената церемонија.
Фисник Адеми, синот на пратеникот Џеват Адеми, и уште еден негов роднина се погодени од рикошетиран куршум на свадба во Тетово Се јавија гласини на социјалните мрежи дека поранешниот заменик-министер за животна средина бил еден од оние кои прославувале со огнено оружје, но семејството брзо демантираше.
Според извори на Алсат, еден од повредените бил однесен во болница во Скопје, во посериозна состојба, а друг во Тетово, со полесни повреди.
Полицијата пристигнала на местото на настанот и го истражува случајот. Извори зборуваат за истрели што може да доаѓаат од неколку лица во исто време за време на свадбената церемонија.
Од семејството на Адеми во изјава за Лајм кратко изјавиле дека се работи за повреда од повратен куршум од пукотница на свадба.
-Состојбата на двајцата повредени е стабилна. Едниот се лекува во болницата во Тетово, а другиот во Скопје – велат од семејството Адеми