На свадбена веселба, која се одржала минатиот викенд во населбата Мионица во западна Србија, дошло до конфликт меѓу обезбедувањето и гостите на свадбата, а во тепачката учествувале дури и младоженецот и неговиот татко.
Видеото од оваа тепачка брзо се прошири на социјалните мрежи, а во коментарите под видеото се огласи и невестата, која вели дека има докази дека била претепана.
-Ако сакате да ве истепаат како мене (невестата), тогаш ова е местото каде што треба да се венчате-, напиша таа во коментар.
Според изворите на „Курир.рс“, сè започнало кога гостинoт Горан К. скршил чаша, обезбедувањето го предупредило, но набргу потоа се качил на стол, по што обезбедувањето Марко Ј. и Лазар М. го извадиле од сала и го однеле во тоалет, каде според неговите тврдења му удриле два шамари, а исто поминал и другиот гостин на свадбата, Душко Б., кој се обидел да заштити сватот. После тоа во холот на свечената сала пред тоалетот се собрале и револтираните гости, но и младоженецот и неговиот татко, по што дошло до туркање меѓу сватови и обезбедувањето.
Епилогот од тепачката е седум повредени лица. Драгољуб П., гостин на свадбата, се здобил со тешки повреди и му била укажана помош во болницата во Ваљево, додека младоженецот и неговиот татко се здобиле со полесни повреди. Двајца работници од обезбедувањето се полесно повредени, како и уште двајца гости на свадбата.
Истрагата за овој необичен инцидент е во тек