Четири лица загинаа, а осум се повредени отккао автомобил налета на група луѓе во шпанската општина Торехон де Ардоз, во областа Мадрид, соопшти денеска локалната спасувачка служба.
Шпанскиот весник „Ел Мундо“ повикувајќи се на извори објави дека една од жртвите е 17-годишен малолетник. Според весникот, убиени се и 65-годишна жена и двајца мажи на возраст од 60 и 37 години.
Според извештаите, првите резултати од истрагата покажале дека несреќата се случила за време на свадба.
Од сега се утврдуваат причини, за време на прославата дошло до конфликт меѓу две лица, кој прераснал во улична тепачка. Групата, која ја сочинувале членови на едно семејство, потоа била удрена од автомобил.
Возачот на автомобилот, 35-годишен маж, е приведен од полицијата во општина Сесена, се наведува во извештајот, а со него во возилото биле и двајца малолетници на возраст од 16 и 15 години. Во автомобилот најверојатно имало уште едно лице, кое побегнало од местото, пишува весникот.
#SUMMA112 confirma esta madrugada el fallecimiento de cuatro personas tras ser atropelladas en la avenida de la Constitución en #TorrejondeArdoz.
Las circunstancias en las que se ha producido el suceso están siendo investigadas por @policia. pic.twitter.com/avDX9jNGoR
— 112 Comunidad de Madrid (@112cmadrid) November 6, 2022