Нова снимка покажува низ каков хорор поминаа жителите на Бејрут на денот на страотната експлозија која го уништи градот.
Додека гостите се подготвувале за венчавката во Бејрут, црквата се тресела. Отпрвин, тие мислеа дека станува збор за земјотрес, но кога следеше втората експлозија, почнаа панично да бегаат.
Гостите трчаа врескајќи и заробени на патот кон излезот.
Возрасните ги заштитуваа децата, а густо црвеникав чад веќе можеше да се види надвор на небото од експлозијата што ја уништи либанската престолнина. Прозорците биле искршени, а ентериерот на црквата е значително оштетен.