Малтешката полиција е во потрага по Србин кој е осомничен за наводниот обид за убиство во Бугиба на северот од Островот.
Жртва е 58-годишен Македонец кој и натаму е во тешка здравствена состојба по нанесените повреди.
Како што пишува „ТВМ“, полицијата добила повик дека дошло до пресметка, при што едно лице било избодено со нож. Повредениот крвав влегол во болницата „Матер деи“, каде му била пружена медицинска помош, а потоа дошла и полицијата за да обезбеди повеќе информации.