Полицијата од Гостивар од страна на дежурен лекар била известена дека во Ургентниот центар во градот со повреди од остар предмет бил донесен Ш.Ј. (42).
Во започнатата истрага е утврдено дека тој бил повреден од страна на Р.Н. во угостителски објект во гостиварското село Неготино.
Р.Н. била приведена и задржана во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.