Маж (41) доцна синоќа во Загреб со секира ги нападнал поранешната сопруга (41) и детето кое имало една година и пет месеци а потоа побегнал, јавуваат хрватските медиуми.
Од здобиените повреди детето починало во болница во Загреб. Напаѓачот побегнал и завршил на обиколницата, каде на него налетало возило и го усмртило на лице место.
Според информации на „Јутарњи лист“, мажот дошол во куќата во која живее неговата поранешна партнерка.
Се расправале, а тој со остар предмет ја нападнал жената. Тешко го повредил и детето. И мајката и девојчето завршиле во загрепската болница, каде лекарите се обиделе да му го спасат животот на детето.
Расеаниот маж потоа побегнал и завршил на обиколницата. Додека се движел по патот, под се уште неразјаснети околности бил удрен од возило, при што починал на лице место.