Полицијка во Гњилане убила четворица членови на семејството, а потоа се самоубила, објави „Косова прес“, а пренесе Алсат-м.
Портпаролот на локалната полиција, Исмет Хашани, се воздржал од какви било изјави за косовските медиуми, со образложение дека станува збор за сериозен случај.
Од Основното обвинителство информирале дека настанот се случил денеска, околу 13:00 часот, а според првичните информации, пред да си го одземе животот, полицајката ги убила родителите и нејзините двајца браќа.