Памела Андерсон и нејзиниот сопруг Ден Хејхерст се разведуваат по само една година брак.
Памела веќе поднела барање за развод од нејзиниот сопруг, со кој живее во Канада од нејзината венчавка на Бадник во 2020 година.
Извор близок до парот го опиша нивниот брак како само „пандемиска измама“ која на крајот се распадна. Двојката беше проследена со драма од самиот почеток, кога поранешната партнерка на Хејхерст, Кери ја обвини Памела дека им ја уништила врската.
„Сакам луѓето да знаат дека петгодишната врска, во која имавме три деца, е прекината поради аферата на Памела и Ден“, изјави Кери по нивниот брак.
„Тажно е што луѓето навиваат за нив кога се започна со измами и избори кои ги уништија животите на многу луѓе“, додаде таа.
Инаку, Памела се омажи пет пати пред бракот со Ден, а најпозната врска и беше со музичарот Томи Ли.