Тајландските специјални сили го убија војникот Џакрапант Тома (32) кој изврши масакр во градот Корат, убивајќи најмалку 20 и ранувајќи 42 лице, објави тајландската полиција. Тој е застрелан откако 17 часа држеше заложници во шопинг центарот “Терминал 21“.
Тома во саботат прво уби двајца офицери во еден воен камп, па украде оружје, а потоа пукаше на минувачите на улица и во трговскиот центар.
Инаку, војникот Џакрапант Тома го пренесуваше нападот во живо на Фејсбук и направи селфи додека држи пушка. На една снимка се гледа како војник со шлем и униформа велејќи дека е „толку уморен од пукање на луѓе што веќе не може да го помрдне прстот”.
-Не знаеме зошто тоа го направи. Најверојатно полуде – изјави портпаролот на минстерството за одбрана Кунгчип Тантраванит.