Оливија Џексон, ја тужи целата филмска екипа на филмот „Resident Evil“ во кој била дублер на Мила Јововиќ. Оливија поднела тужба против Пол Андерсон, Џереми Болт, Танхаустер Гате и Болт поради трагедијата која ја доживеала на снимањето на филмот со што останала без една рака.
Таа тврди дека инцидентот се случил во септември 2015-та година во текот на снимањето на сцените со борба. Од неа било побарано да изведе “опасна и технички сложена сцена со мотоцикл во неповолни временски услови“.
Требала да тргне кон камерата, но кранот не бил подигнат навреме и таа се судрила во камерата. Таа останала без рака, а кожата на лицето ѝ била целосно растргната што забите ѝ се гледале.
https://www.instagram.com/p/B1v3WEVh_qR/?utm_source=ig_web_button_share_sheet