Само една и пол година од венчавката и 17 месеци по раѓањето на неговата ќерка Си, Борис Новковиќ и неговата четврта сопруга Ирис Волф, која е 25 години помлада од него, веќе не се заедно.
Борис веќе има три брака зад себе, поради што ја доби неофицијалната титула во Хрватска – крал на неуспешните бракови затоа што склучил три заедници за триесет години.
Првата жена на Борис била глумица Бојана Грегориќ, со која бил пет години во брак. После тоа тринаесет години бил во брак со новинарката Луција Матиќ. Со неа има два сина од 6 и 3 години.
Вториот брак се распаднал, како што пишувале хрватските медиуми, Борис Новковиќ се вљубил во сликарката Ива Вишошевиќ со која бил скоро три години.
Трет брак склучил со Инес Катиќ која е дваесет години помлада. Тој брак траел само пет месеци.