Британските официјални лица ги објавија фотографиите кои ги избра кралското семејство како божиќни честитки.
На една од фотографиите принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт со своите три деца прикажани се како седат покрај едно стебло. Принц Хари и Меган избраа црно бела фотографија на која се прикажани како го гледаат огнометот што беше приреден на нивната свадба во мај. Принцот Чарлс и Камила ја одбраа фотографијата на која седат на една клупа, опкружени со зеленило и гледаат еден кон друг.
Бакингемската палата соопшти дека не планира да ја објави фотографијата која кралицата Елизабета и принцот Филип ќе ја користат за божиќна честитка.