Британскиот крал Чарлс Трети имаше непријатност со своите чорапи при посета на џамија во Лондон.
Чарлс ги соблекол чевлите при влегувањето во џамијата, а фотографите веднаш забележале дека има дупка на едниот чорап.
Фотографиите од неговите чорапи веднаш се појавија на насловните страници на британските медиуми, а на многумина модниот гаф им е симпатичен со оглед на тоа што кралот е познат по рециклирање облека. Случката доживеа голем број коментари на Твитер.
„Слушнав дека кралот Чарлс бил толку горд на своите дупнати чорапи што не сакал да ги фрли и продолжил да ги носи – додека еден ден не му паднале сите прсти на нозете“, „Дури и кралските членови не се имуни на модните промашувања“ , се само дел од коментарите.