„Кралот на усните“, британски инфлуенсер, козметичар и човекот кој направил десетици пластични операции за да личи на Ким Кардашијан, Џордан Џејмс Парк, почина на 34-годишна возраст.
Џордан Џејмс Парк, ѕвезда на реалното шоу „Botched“, почина на 34-годишна возраст.

Парк отворено проговори за тоа како потрошил околу 150.000 долари за да личи на својот идол Ким Кардашијан, која ја смета за „најубавата жена на сите времиња“.
„Го сакам сето тоа внимание и погледите што ги добивам на улица. Омразата ја поздравувам – таа само значи повеќе внимание. И ако ништо друго, ме поттикнува да работам уште повеќе“, изјавил своевремено за британскиот весник „The Sun“.

„Кралот на усните“, како што го нарекуваа низ целиот свет, починал на 18 февруари. Смртта ја констатирала екипа на брза помош, која, како и полицијата, одговорила на повик за маж кој бил „во несвест на Линколн Плаза во областа Канари Ворф во Лондон“, објави E!. Парк бил прогласен за мртов на местото на настанот.

Полицијата соопшти дека ја истражува смртта на Парк, објавија британските медиуми.
„Полицијата испрашувала заедно со болничарите, но 34-годишниот маж за жал бил прогласен за мртов на местото на настанот“, соопштија официјални лица.
„Неговата смрт во моментов се третира како необјаснета, а истрагата за утврдување на сите околности е во тек. Полициските службеници истражуваат информации што укажуваат дека жртвата можеби била подложена на козметичка процедура пред смртта“, се вели во соопштението.
„Откако полицијата спроведе итна истрага, 43-годишен маж и 52-годишна жена беа уапсени под сомнение за убиство од небрежност. Во меѓувреме, тие беа ослободени со кауција, а истрагата продолжува“, се вели во соопштението.
