„Кралица беше и остана“: Неда Украден во бикини го прослави 75-тиот роденден (ФОТО)

by Тони Зографски

Неда Украден уште еднаш покажа дека возраста е само бројка.

По повод нејзиниот 75-ти роденден, регионалната музичка дива сподели фотографии во бикини, додека ужива на црногорското приморје во друштво на најблиските.

И оваа година, како и претходните, Неда го одбележа роденденот на плажа, со насмевка на лицето, софистициран стил и непроменета самодоверба.

Денес славам љубов, радост и благодарност – кон Бога и кон сите кои ми пружија љубов и поддршка, за денес да се радувам среќна и опкружена со моите најмили“ напиша таа.

Нејзините обожаватели ѝ порачаа дека изгледа фантастично и дека сè уште зрачи со младешки дух. 

„Кралица беше и остана“, „Жена за пример“, „Жена на која ѝ се восхитувам“, „Драга Неда, годините се само број, зар не? Затоа ајде да славиме“, „Жена лавица“ – се само дел од коментарите на Instagram.

Неда истакна дека најголемиот подарок ѝ е времето поминато со ќерката Јелена и трите внучиња со кои ја споделува секоја важна животна прилика.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com