Јорданската кралица Ранија со право важи за дама со исклучителен стил. Таа речиси секојдневно нѝ покажува дека вистинската елеганција и отменост се секогаш пристојни и не бараат никаква голотија, туку само став, совршен крој и квалитетни ткаенини.
Кралицата неодамна се појавила на еден хуманитарен настан во гламурозно издание кое остава без здив. Ранија во понеделникот ја посетила манифестацијата „Hope Gala“ во Аман, а за оваа прилика избрала исклучително формална креација каква што ѝ прилега на една кралица.
Таа заблескала во фустан со потпис на либанскиот дизајнер Ели Сааб, а станува збор за прекрасна светлосина тоалета од колекцијата пролет/лето 2023 година.
Оваа тоалета во целост е украсена со деликатни бисери и циркони, а се состои од проѕирен шифон под кој се наоѓа постава во боја на кожа.
Јорданската кралица го заокружила изданието со сина „clutch“ чанта од сатен и сандали со висока потпетица, како и скапоцен, дијамантски накит.