После смртта на кралицата Елизабета Втора, една од најмоќните жена во светот, наидуваме на различни приказни за неа. И додека поголемиот дел е во позитивен контекст, британските медиуми неколку дена после смртта на владателката со најдолгиот стаж откри дека ја одбила молбата на Новак Ѓоковиќ за помош во неговиот најтежок момент во кариерата.
„Ја повикувам кралицата Елизабета, лидерот на Комонвелт, да интервенира и да се заштитат правата на мојот син Новак. Ја повикува го застане политичкото гонење кое трпи од моментот кога дојде во Австралија. Апелирам да ја престане тортурата и прогонот кој го трпи најдобриот тенисер и слободен граѓанин во светот“, наведе Срѓан измеѓу останатото во писмото, кој не можеше да го гледа својот син во таква состојба.
Имено, според тврдењата на британските медиуми, кралицата ја игнорирала молбата на таткото на Новак и по тоа прашање ништо не преземала.
„Кралицата Елизабета го игнорираше барањето на таткото на Новак и не се вмеша за да му помогне на Србинот на Australian Open. Таа беше голем фан на спортот, посебно коњскиот. Не го следеше многу тенисот, иако беше на Вимблдон неколку пати во текот на владеењето од 70 години. Нејзината незаинтересираност, се најде во центарот на контроверзијата“, пишува британскиот „Експрес“.
Инаку, Ѓоковиќ доби лекарско ослободување за влез во Австралија, ги имаше сите потребни овластувања, но потоа дојде до мешање на политиката во спортот. Тогашниот премиер на Австријал, Скот Морисон и министерот за имиграција, Алекс Хок, го искористија своето влијаниеда го депортираат тенисерот од Мелбурн.
Сепак, новите гласини велат дека на Ѓоковиќ ќе му биде дозволено да игра на следниот Австралија Опен и дека тоа е „средено“ со новите власти.