Триесетдневен куќен притвор синоќа и беше определен на актерката Силвија Стојановска откако претходно таа беше спроведена пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје. Дел од медиумите јавија дека Стојановска е приведена во врска со заплена на поголема количина дрога. Неофицијално, се работи за 700 килограми кокаин во Шпанија, Актерката е уапсена во Скопје заедно со нејзиниот партнер, а неговиот брат бил упасен во Шпанија. Актерката, според нив, наводно помагала со логистика и подигнување на парите..
Нејзината ќерка, актерката Јана Стојановска вели дека се работи за недоразбирање, откако нејзината мајка, познатата актерка Силвија Стојановска денеска беше приведена.
-Не е ништо страшно. Мислам дека се работи за недоразбирање. Не знам со кој памет медиумите објавуваат. Чекам да ја пуштат мајка ми, па да ми каже што се случило, изјави за Женски магазин Јана од Букурешт, каде што живее изминативе месеци со сопругот, кошаркарот Андрија Бојиќ и синот Ненад кој има три ипол месеци.
Инаку, Станислава Чочоровска, на која своевремено од српските медиуми и беше даден епитетот „Кралица на кокаинот“, синоќа се стави во одбрана на актерката Силвија Стојановска. Таа без да наведува имиња на социјалните мрежи и порача на јавноста да не носи предвремени судови.
Чочоровска беше осудена на повеќегодишна затворска казна која ја одлежа во затворот „Идризово“. Чочоровска во 2007 година, заедно со Алија Азировиќ, возачот на камион во кој се превезуваа канти со поликолор, полни со дрога, беа осудени за организирање на транспортот на 486 килограми кокаин, за што добија казна затвор од 14,6 години затвор. Вредноста на дрогата запленета на Блаце беше 92 милиони евра.