Кралицата Летиција важи за една од најдобро облечените жени на светот, а дека ова не е само празна фраза докажува и секое нејзино појавување во јавноста – таа е секогаш беспрекорно дотерана и во согласност со пригодата.
Шпанската кралица неодамна се појавила на воената парада во Мадрид во совршена летна комбинација која е лесна за „копирање“, пријатна и удобна за носење, а во истовреме и многу елегантна.
Летиција избрала прекрасен летен фустан кој ја истакнува женственоста, но и остава голем впечаток, а станува збор за светлосина лелеава креација со миди должина и црни точки.
Точките се ненадминлив тренд, а секоја пролет овој дезен станува актуелен и ги полни нашите ормари и тоа не е без причина – изгледа дамски и шик и е многу ефектен.
Славната Шпанка ужива во минимализмот, па ни овојпат не претерала со деталите – изданието го надополнила со црни салонки со отворена пета, црна чанта и прекрасни дијамантски обетки.
Косата ѝ била собрана во елегантна пунџа, а шминката како и секогаш била нежна и минимална.