Кралицата Елизабета Втора денес го слави својот 95-ти роденден, но ова е најтажниот роденден за неа. Прослава на роденденот, четири дена по погребот на принцот Филип, кој почина на 99 години, нема да има. Британската кралица е во длабока жалост, иако тоа не го манифестира јавно, онака како што го прави веќе 70 години.
Елизабета ќе го мине денот во замокот Виндзор.
Членовите на кралското семејство периодов ротираат со посети кај кралицата за таа да не биде сама, откако ја изгуби својата втора половина по 73 години брак.
Инаку, принцот Хари не остана на роденденот на неговата баба, туку се врати во САД кај бремената Меган Маркл и нивното синче Арчи, само ден претходно. Погребот на принцот Филип беше причината за посета на Велика Британија од страна на Хари, по една година, но и значеше прва средба со кралското семејство, по интервјуто со Опра каде тој и Меган ги нападнаа со изјави кралските членови.
Портпаролот на британското Министерство за одбрана потврдил дека ниту оваа година, нема да има почесна стрелба од лондонскиот Хајд парк, како ни јунска прослава на родендените познати како „“Поздрав на боите“.