Бакингемската палата ќе вработува човек за дигитална комуникаци, односно, за социјалните мрежи на кралицата Елизабета Втора.
-Независно што покривате, ќе морате да се потрудите нашите дигитални канали да допрат до голем спектар на публика – е напишано во описот на конкурсот.
Палатата бара човек со искуство, кој е иновативен и креативен, има дарба за пишување и фотографирање.
Работата нуди бројно бенефици: 33 дена годишен одмор, бесплатен ручек, со седиште во Бекингемската палата. Вработениот ќе има работа 40 часа неделно.
Платата ќе изнесува 34.207 евра годишно (околу 2.851 евро месечно). Наводно, веќе се пријавиле околу 300 кандидати.