Крадци му украдоа еден милион евра на Тијаго Силва

by Тони Зографски

Дефанзивецот на Пари Сен Жермен и репрезентативец на Бразил, Тијаго Силва бил ограбен додека играл за својот тим на „Паркот на принцовите“ против Нант, меч кој парижаните  го добија со минимални 1-0. Тој останал без вредни работи од вредност од околу 1 милиони евра.

Бандитите влегле преку кровот на неговата куќа во елитниот дел на Париз каде живеат голем број на славни лица и украле часовник од 600.000 евра како и скапоцен накит.

Она што е посебно интересно е што капитенот е втора ваква жртва на криминалци кога се во прашање „светците“, односно на крајот на минатиот месец настрада напаѓачот Ерик Максим Чупо Мотинг.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com