Крадци провалиле во луксузниот дом на Дејвид и Викторија Бекам во западен Лондон. Британските медиуми објавија дека биле украдени работи кои вределе илјадници фунти.
Се верува дека кражбата во нивната куќа во Кенсингтон се случила доцна во вечерните часови додека Бекамови биле дома со нивната 10-годишна ќерка.
Имено, кражбата не била откриена се додека 17-годишниот Круз Бекам не се вратил дома од ноќно излегување. Тој веднаш забележал дека еден од прозорците е скршен и набргу сфатиле дека е ограбена спалната соба.
Портпаролот на лондонската полиција потврди за медиумите дека околу полноќ на 1 март, полициски службеници одговориле на повик за кражба во куќа во областа „W11“ во Кенсингтон.
Сè уште нема уапсени, а истрагата е во тек. Како што пренесуваат британските медиуми, меѓу украдените предмети има дизајнерски и електрични предмети во вредност од илјадници фунти.