Крадел крстови од гробови и им ги „засадувал“ во куќни дворови

by Тони Зографски

Г.М. од селото Шарлинац во близина на Ниш, крадел крстови од локалните гробишта и во ноќните часови им ги засадувал на соседите во нивните дворови.

Оваа хорор-драма траела повеќе од месец дена, се додека Г.М. не бил уапсен и приведен во полицијата, пренесуваат медиумите од соседството.

Во станицата рекол дека „демонски сили“ го натерале да ги вознемирува соседите на овој начин, а пуштен бил дома со прекршочна пријава.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com