Според инфомациите на ТВ 24 од партиски извори во СДСМ, Васко Ковачевски останува главен во ЕСМ, Сања Лукаревска во УЈП, Никола Бабовски во платежна агенција, Томисилав Тунтев во АЦВ, додека пак според информациите за ДУИ треба да биде резервирано претседателското место во управниот одбор на МНАВ.
Јован Деспотовски ќе се пресели во слободните економски зони, кои пак ќе се спојат со агенцијата за инвестиции, во фотелјата на Деспотовски во Фондот за иновации планот е да седне партискиот потпретседател Коста Петров. Со царина ќе директорува екс министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски, а дека пратеникот и партиски потпретседател Мухамед Зекири во свои раце ќе го земе фондот за здравство,ккако и дек аекс пратеникот Хари Локвенец оди во Телеком.
Во фотелја во Агенцијата за млади и спорт, ќе седне ракометарот Наумче Мојсовски, додека екс директорот Дарко Каевски ќе остане во Собрание. Според планираното се очкува спојување на Пошти и на агенција за пошти, а таму се очекува директор да стане актуелниот заменик Ненад Јосевски.
Дамјан Манчевски е планирано да седне во фотелјата на Драги Рашковски во Влада, како генерачен секреатр, додека пак Рашковски ќе замине во советничкиот тим на премиерот Зоран Заев.
Од кадрите на ДУИ, Ејуп Ристеми се сели во МЕПСО, иако за таа позиција се споемнува и екс минситерот за правда Билен Салиу, кој што е актуелен заменик, во АЕК, се очекува да седне Фестим Халили, поранешен вицепремиер за рамковен договор и актуелен директор во железници инфраструктура.