Кој сака моја физичка ликвидација и кому му пречи вистината за Рекет? – праша обвинетиот Бојан Јовановски на денешното рочиште, на кои обвини дека постојано добива закани по неговиот живот. За ова ги известил и обвинителите Вилма Русковска и Љубомир Јовески и побарал средба за да каже доверливи информации, но не добил одговор.
„Има закани за тоа дали ќе збори или нема да збори. Тие доаѓаат од надворешни лица, не е херметички затворен затворот Скопје и тој многу добро знае од кого добива и како ги добива. Овој процес е најмалку правен процес, туку е политички процес“, рече Дукоски.
Тој во изјавата која ја даде по завршувањето на денешното судско рочиште за случајот „Рекет “одговарајќи на новинарско прашање од каде доаѓаат тие закани не откри конкретно наведувајќи дека доаѓале „од висока позиција и од секакво милје“.
На денешното рочиште во судница првпат се сретнаа поранешните колешки од СЈО – но овој пат на различни страни од судницата. Од една страна Катица Јанева како обвинета, а од другата сведочеше нејзината заменичка Елизабета Јосифовска, која го потпишала позитивното мислење за давање привремен пасош на Орце Камчев. Јосифовска вели само следела наредби и била должна да потпише.
На крајот од судењето Бојан Јовановски се пожали за кршење на неговите човекови права, оценувајќи се себе си како политички затвореник, а за тоа со писма ги известил и амбасадорите во земјава. Најави и штрајк со глад, иако вели со неговата здравствена состојба – тое може да има фатални последици.