Никола Груевски е фотографиран на Меѓународниот аеродром Ферихеги – Будимпешта, тврди веб сајтот MKDNEWS.COM.
Не е јасно, дали екс-премиерот сега азилант ја напушта Будимпешта или пак само испраќал негови пријатели и гости.
Оваа фотографија беше причина некои медиуми да го постават прашањето и дали можеби азилантот во Будимпешта, Груевски, се враќа во Македонија
Инаку, Никола Груевски доби две години затвор за примање награда за противзаконито влијание во случајот „Тенк“ за набавката на луксузниот мерцедес. Откако пресудата за двегодишната затворска казна во случајот „Тенк“ на СЈО стана правосилна, се очекуваше Груевски да се јави на издржување на казната.
Се уште останува енигма како успеа да избега од земјава непосредно пред да оди на издржување на казната.