Група хрватски музичари се пожалија до премиерот Пленковиќ дека со месеци немаат извор на приходи. По тој повод, на Фејсбук се огласи пејачот Тони Цетински, кој на некој начин ги поддржа своите колеги, но ја искористи приликата за да зборува за неговиот став во врска со вакцинацијата, објави „Нова.рс“.
„Вашиот колега, Тони Цетински, „бунтовник без причина“, лудак, теоретичар на заговор, кој смета дека земјата е рамна чинија, антиваксер итн, ви кажува дека е 5 до 12, но не за да ја спасувате вашата работа, туку животот“, го започна своето обраќање пејачот.
„Слобода на избор за секого, вклучително и на оние што се молат да го примат што е можно поскоро (вакцината, се разбира). Што ти вредат свирките кога нема да имаш за кого да свириш, ако не ја прогледаш и разбереш целата проблематика од тоа што ни прават „спасителите“ од кои ја увезуваме познатата вакцина“, напиша Цетински, кој пред неколку месеци рече дека нема да ја прими вакцината против вирусот Ковид-19 и кој оттогаш ја промовира борбата против задолжителната вакцинација на своите профили на социјалните мрежи.
„Каде се сега патриотските колеги кои пееја и пиеја со владетелите?“ Каде се сега кога народот има потреба од нив? Ја чекаат спасувачката вакцина? Кој пее, зло не мисли, а кој мисли, не му е до пеење“, го заврши своето излагање на Фејсбук.