Кетрин Зета-Џонс беше меѓу славните гости кои уживаа во модното шоу на Фенди до Колосеумот во Рим. Речиси целиот Колосеум гледаше во преубавата 49- годишна актерка која изгледаше елегантно во црвен фустан.
Во нејзино друштво беше и 16-годишната ќерка Карис која ја наследила убавината од мајка си и од татко и Мајкл Даглас.