Кој нема да се избричи ќе биде казнет

by Тони Зографски

Јапонските власти одлучиле на сумо борачите да им забрани носење на брада, сметајќи дека тоа е непристојно и ги повика борците да водат сметка за својот изглед на натпреварувањата.

“Исто така забранети се и тетоважи и долги нокти“, изјави портпарот на Здружението на сумо борачите.

Дел од суеверни борачи одбиваат да ги избричат мустаќите и брадата верувајќи дека тоа им носи среќа.

“ Борачите мора да водат сметка за хигиената. Арената каде што се натпреваруваат е свето место“ – додал портпаролот.

Инаку, во Јапонија повеќе компании бараат од своите вработени секој ден да бидат избричени.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com