Актерката Мишел Киган има најсовршени нозе на светот, по т.н. златен пресек, пренесува „The Sun“.
Студијата на психолозите од Универзитетот во Ливерпул и Универзитетскиот колеџ во Лондон открила дека идеалната должина на нозете е 1,4 пати поголема од горниот дел од телото. Мишел Киган може да се пофали со идеалната разлика во должината на нозете и торзото.
На листата жени од светот на шоубизнисот која исто така има совршени нозе според научните критериуми се нашла и Кајли Миног.
Иако е ниска, оваа 53-годишна пејачка има неверојатно долги нозе, дури подолги од совршените пропорции.
На третото место е Викторија Бекам чии нозе како што е случај со Кајли, се малку подолги од идеалната должина во однос на нејзината висина.
На четвртата позиција се најде Рита Ора на која и тоа како ѝ се исплатиле интервенциите да изгледа привлечно. Освен помошта за нега на убавина, Рита вредно и напорно тренира за да изгледа прекрасно.
На листата сопственици на идеални нозе се најде и Никол Кидман (53). Во однос на висината, нејзините нозе не се најдолги – Кајли Миног ја надмина, но затоа никој не може да оспори дека Никол изгледа прекрасно.