Дали хороскопски знак влијае на Вашиот стил, избор на гардероба и накит? Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак кога е во прашање мода …
ОГНЕНИ ЗНАЦИ – ОВЕН, ЛАВ, СТРЕЛЕЦ
Припадници на огнените знаци избираат ефектна гардероба. Девојките родени во знак на Овен или Лав ги сакаат светлите бои, огнено црвена, портокалова и златна боја. На Стрелците им е омилена виолетова и темноцрвена. Обично се добро информирани за сите модни случувања и не се премислуваат да облечат екстравагантни модели, како оние модели од модните писти. Тие се во состојба да со месеци штедат пари за да можат да купат ексклузивен модел кои им се допаѓа. Се облекуваат по сопствениот вкус, а не да остават впечаток на другите.
ЗЕМЈАНИ ЗНАЦИ – БИК, ДЕВИЦА, ЈАРЕЦ
Девојки кои припаѓаат на овие хороскопски знаци трошат многу време за да се подготват бидејќи кај нив се мора да биде на своето место. Омилени бои им се темно зелена, кафеава, беж, боја на мед, бакарна. Тие ќе ги испробаат сите можни комбинации додека не го постигнат стилското совршенство на кое се стремат. Тоа е причината зошто често доцнат на состаноци. Припадничките на земјаните знаци важат за најдобро облечени и имаат доволно трпение да ги разгледуваат сите дуќани додека не го најдат тоа што го задоволува нивните критериуми.
ВОЗДУШНИ ЗНАЦИ – БЛИЗНАЦИ, ВАГА, ВОДОЛИЈА
За претставничките на овие знаци е карактеристично да се урамнотежени и добро информирани за модните случувања. Тие сакаат да се играат, комбинираат модните стилови и отворено комбинираат модните детали. Близнаците сакаат светлите бои – розова и нежно сина. Вагите тежнеат кон романтични и нежни бои, како што се темно виолетова или нежно розова. Водолиите обожаваат метално сина, сива, бела и сите бои кои асоцираат на небото. За нив важи дека се вистински модни визионери и често носат гардероба која ќе биде хит дури наредната година. Не робуваат на модните диктати бидејќи се секогаш чекор пред другите. Ги обожуваат парфемите и зад нив останува трага на оригиналниот парфем
ВОДЕНИТЕ ЗНАЦИ – РАК, СКОРПИЈА, РИБА
Девојките кои се со овој знак важат за најгламурозните во целиот Зодијак бидејќи при изборот на гардероба повеќе се ослонуваат на емоциите отколку на разум. Кај нив никогаш не знаете што ќе облечат наредниот ден, е не знаат ни тие самите. Омилени бои им се светло зелена, тиркизна и темно сина. Не обрнуваат внимание на модните императиви и поважно им да останат верно на нивниот стил отколку да одат во чекор со трендовите. Тие се најслободни од сите хороскопски знаци и сакаат да експериментираат, комбинирајќи ги различните стилови.