Д-р Нико Беќаровски од Токсикологија вели дека во земјава има многу граѓани кои имаат сертификати за вакцини, но тие се лажни, а овие граѓани всушност не се вакцинирани.
“Вакви случаи на лажна вакцинација има низ цела Европа и Америка, а секој од нас знае барем 5-6 такви и во Македонија. Да не беа наметнати присилните вакцинални сертификати, лажно вакцинирани граѓани немаа да постојат, а ние ќе имавме многу попрецизна и поточна верификација на ефикасноста на вакцините.
Затоа при носење на секоја мерка на принуда, не смее да се заборави еден од основните закони во физиката: акција = реакција.
П.С. Кој знае колку од починатите „комплетно вакцинирани”, всушност воопшто не се вакцинирани,” пишува тој на неговиот Фејсбук-профил.