Австралискиот терорист Брентон Тарант кој утринава во масакр во две џамии во Нов Зеланд убил 49 муслимански верници е роден во Австралија.Тој на оружјето имал натписи на германски, бугарски, руски и српски, а носел и нацистички симболи. На него се наведени многу битки и личности кои во текот на историјата се бореле против продорот на исламот во Европа.
На оружјето пишува “Марко Милјанов Поповиќ – 1833-1901” – црногорски народен книжевник, војсководец и војвода од племето Кучи.
Стефан Лазар – српски кнез Лазар Хребељановиќ (1329-1389), кој загинал во борба со Турците на Косовско Поле. Го користел кралското име Стефан Лазар.
Се споменува и битката на Иванковац која се одиграла во 1805-та година. На еден шаржер се гледа и името Баја Пивљанин, ајдучки арамбаша.
Се наведува и 1683-та година, која се однесува на опсадата на Виена, кога војската на Османското царство ја окупирала Виена. Во таа битка било прекинато напредувањето на Турците во Европа.
Тарант навел дека еден од примерите му бил Андерс Брејвик, кој во 2011-та година убил 77 луѓе.
Интересно е што додека патувал до џамиите со помош на навигација, во автомобилот била пуштена српска ,,патриотска “ песна за Караџиќ.